Пендаровски: Ја бараме заслужената шанса, не незаслужена награда

Покрај решавањето на прашањата со соседите, спроведуваме суштински и опсежни реформи во многу клучни области. Ја усогласуваме нашата внатрешна и надворешна и безбедносна политика со политиката на Европската унија.  – порача претседателот Стево Пендаровски на зедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Свесни сме дека се потребни уште реформи и се согласувам дека имаме слабости и дека ни претстои уште многу работа. Но, морам да истакнам една балканска политичка реалност – ние сме најефикасни тогаш кога имаме конкретни задачи. А, преговорите за членство се најдобрата реформска алатка.

Овој јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за да изградиме европска држава со праведно, хумано и напредно општество. – порача Пендаровски на својот ФБ профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e