Пендаровски го прими Героски, ги осуди заканите кон новинарите

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими новинарот Бранко Героски, по заканувачката порака која ја добил.

Претседателот Пендаровски осудувајќи секаков вид на закани упатени до медиумите, порача дека новинарите треба да ги уживаат сите права и слободи за да можат професионално и без притисоци да работат.

Претседателот истакна дека како и досега, ќе се залага за заштита на достоинството и интегритетот на новинарската професија и професионалните медиуми секогаш ќе ја имаат неговата поддршка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e