Одобрени две инвестиции за фотонапонски електрани во вкупна вредност од 116 милиони евра

Владата на денешната седница одобри две инвестиции за соларни електрани во вкупен износ од 116 милиони евра.

Како што информира владината прес-служба станува збор за фотонапонска електрана со јачина од 85 мегавати која ќе се гради во Делчево од страна на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернационал” ДООЕЛ Скопје. Инвестицијата е вредна 63 милиони евра.

Втората инвестиција е исто така фотонапонска електрана, но со јачина од 70 мегавати која ќе ја гради „Хек Солар МК” ДООЕЛ Скопје во атарот на селото Долни Балван во Карбинци. Инвестицијата е 53 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e