(НОВИ АУДИО БОМБИ) Јанушев и Јанакиески договараат летови од Италија и Швајцарија „за нашите“: „На Бетон пушти му го тоа да плати“

Нови пет аудио “бомби” одекнаа утринава, а главни протагонисти повторно Јанушев и Јанакиески. Бомбите беа пренесени од страна на порталот А1 он, а првично биле објавени на Јутјуб каналот “Обнова на режимот” под следниве наслови: „Јанушев 4 чартер летови за ДПМНЕ“, „Резервирајте ако треба и празен нека биде“, „Јанушев и Миле 190 илјади евра Бетон да плати“, „Цени да ги вратат недела попладне“ и „Уништување документи Игор Јанушев“.

Во првиот разговор се слуша договор за организирање на летови за „нашите“ од Италија и Цирих.

„Дај бе јави се кај некој, четири чартер летови да обезбедиме“, му вели Јанакиески на Јанушев кој одговара: „Кај кого бе шефе да се јавам“?, а Јанакиески продолжува: „Со некои агенции, не знам. Три Италија, Тревизо и еден Цирих“, по што Јанушев прашува: „За нашиве? Италија, Тревизо?“, а Јанакиески вели: „Аха. Да видиме колку пари чини“.

Во вториот разговор, се зборува за тоа колку ќе изнесува цената за да се резервираат авионите, но и колку патници ќе можат да пренесат.

Во третиот разговор Јанакиески и Јанушев споменуваат дека вкупната цена за летовите ќе биде 190 илјади евра. По ова, Јанакиески дава насока „На ‘Бетон’ пушти му да плати“.

Во четвртиот разговор се зборува за термините кога ќе ги донесат патниците, а кога да ги вратат назад.

„Уште една работа, што скроз ја заборавив кога ми ги дадоа овие цени. Овие цени се да ги донесат во недела сабајле, да ги вратат недела попладне“, му вели Јанушев на Јанакиески кој враќа: „Добро де, тоа е тоа“. Јанушев продолжува: „Добро ти ми рече сабота попладне да ги донесат.. Ќе ни рипне цената. Океј е?“, а Јанакиески вели: „Да“.

Во петтиот разговор, Јанакиески го прашува Јанушев дали средиле сè со документите и картите на што Јанушев одговара „Да, да, средивме сè, кај Наде ги оставивме, требаше да ги уништат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e