Николовски: Просечната откупна цена на јачменот од 2017 до 2022 година е зголемена за скоро 100%

Го зголемивме домашното производство на јачмен, со ожнеани околу 160.000 тони јачмен во 2022 година, информираше ресорниот министер Љупчо Николовски.

Просечната откупна цена од 2017 до 2022 година е зголемена за скоро 100% и изнесува рекордни 17 денари.Зголемување за 5% бележиме и кај бројот на пријавени површини со јачмен со користен сертифициран семенски материјал, посочи тој на својот фејсбук профил.
-Преку успешни навремени мерки го стабилизираме производството на оваа стратешка култура. Даваме силна поддршка на земјоделците, го развиваме и модернизираме македонското земјоделство, и целиме кон тотална увозна независност за стратешките култури, дециден е министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e