Наглите временски промени можат да предизвикаат бројни здравствени проблеми.
Одамна е потврдено дека временските промени влијаат врз здравјето на луѓето, особено на пациентите кои страдаат од некои хронични заболувања. А ненадејните климатски промени се сè поприсутни во нашата клима. Најчесто на ова нè потсетуваат извештаите од лекарите од итната помош кои велат дека поради разликата во температурата на воздухот, има многу интервенции за срцеви пациенти, дека ментално нестабилните луѓе се поанксиозни од вообичаеното, дека астматичарите имаат најмногу проблеми…
Науката докажа дека ниту физички ниту ментално здравите луѓе не се имуни на промените што се случуваат во атмосферата.
Чувството на замор, несоница, главоболки, вознемиреност се најчестите проблеми што се јавуваат поради ненадејните промени на времето.
Со оглед на тоа што временските услови се менуваат, постојат (претежно) 13 групи пациенти кои се доста чувствителни на овие промени. Тие страдаат од ревматизам, астма, срцеви проблеми, првенствено ангина пекторис и висок крвен притисок, чир на дванаесетпалечно црево и желудник, психоза и други психолошки проблеми.
Лекарите нагласуваат дека астматичарот чувствува и реагира во период од три до 48 часа пред да се случи ненадејна промена на температурата, и затоа е добро да се знае биопрогнозата, врз основа на која лекарот дава совет како да му се помогне на засегнатото лице да го помине претстојниот период што е можно побезболно.
Експертите кои се занимаваат со ова прашање генерално советуваат да останат дома во текот на „критичниот“ период, да не патуваат, да не се заморуваат со тешки физички или ментални задачи и да земаат препишани лекови.
Редовно земање транквилизери се препорачува за лицата кои страдаат од ментални нарушувања. Доколку навистина мора да игнорирате некој од овие совети (на пр. имате неопходно патување пред вас), користете го превозното средство кое ќе ве однесе таму најбрзо, задолжително јадете лесен оброк и понесете шише вода.
Храната е многу важна во текот на гореспоменатите тешки денови, а лекарите советуваат да го зголемите внесот на овошје и зеленчук, како и течности. Обавезно избегнувајте алкохол и зашеќерени сокови, пишува Стетоскоп.
