Николовски на средба со шпанскиот амбасадор Сера: Кралството Шпанија е наш докажан сојузник!

Вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Лоренцо Сера.

2

„Кралството Шпанија, е наш докажан сојузник и еден од најважните поддржувачи за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и НАТО. На денешната средба со амбасадорот Лоренцо Сера, добив силна поддршка за новата владина функција за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.
Амбасадорот Сера изрази задоволство за одлучноста на Владата преку оваа функција да започне бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, како еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме на патот кон членството во ЕУ.“ – порача Николовски.
3
Вицепремиерот порача дека владата ќе продолжи со спроведувањето на стратешките приоритети, за што од исклучително значење е поддршката од целокупната меѓународна заедница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e