Николовски на средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ: Предвремените парламентарни избори јасно ја покажуваат желбата на граѓаните за промени кон подобро

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска оствари пријателска средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ.

Денеска остваривме пријателска средба со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, на која ги афирмиравме заложбите за заедничка борба на двете држави против корупцијата, како голема пречка на патот кон прогресот на целиот регион, истакна Николовски.
Nikolovski3„Амбасадорката Петровиќ, го поздрави воведувањето на новата владина функција за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси и додаде дека резултатите од предвремените парламентарни избори јасно ја покажуваат желбата на граѓаните за промени кон подобро во истата оваа насока“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e