Николовски: Максимална поддршка од американската амбасадорка во борбата против корупцијата

Вицепермиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Кејт Брнс.

„Корупцијата е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме на патот кон полноправно членство во ЕУ и уште поважно, градење целосно функционално општество. Ме радува што денес добив заложба за максимална помош во оваа битка од амбасадорката на САД, Кејт Брнс. Таа посебно ја потенцираше потребата од ревитализација на желбата кај младите за останување во државата и давање придонес кон справување со ова зло.“ – порача Николовски по средбата.

„За подобра иднина ослободена од корупција, да соработуваме и работиме решително за остварување резултати што поскоро.“ – заклучи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e