Николовски: Како се оди од Субрата Рој до крупен инвестициски проект?

Како се оди од Субрата Рој до крупен ивестициски проект?, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

„Со членството во НАТО и преговорите со ЕУ си отворивме многу врати. Бенефитите ќе ги видат сите, а најмногу чесните приватни бизниси за кои ќе има огромни фондови на располагање за развој. Затоа е многу важен прогресот на приватниот сектор.

Денес заедно со градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски, бевме во посета на фирмата УНИ АГРО – фабрика за сточна храна која е прва инвестиција во општина Лозово и која е финансирана преку Ипард програмата додека јас бев министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Земјата ја зедоа на првиот ИПАРД инвестициски оглас каде добија 1 милион евра поврат!
Nikolovski33Инаку, ова место е запаметено како круната на лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Тука тие излажаа дека во Лозово ја донеле најголемата инвестиција што сме ја виделе. Сахара Груп од Субрата Рој со лажни инвестиции и 20 000 крави.

Без никаков срам, денес на истото место се појави дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски, за пак да ветува дека навистина на ова место ќе има 20 000 крави!!!
Nikolovski22Луѓе имајте основна доблест! Имајте усул во лажењето!

Николоски вели дека Дрекслер Маер ќе се затворал и веднаш потоа неговиот сопартиец, градоначалникот на Кавадарци, Јанчев вели дека тоа се измислици.

Берете памет драги пријатели. Немаат крај со лагите!

Споредете ги двете владеења, видете кога беа платите повисоки, пензиите повисоки, социјалната помош поголема, поддршката за земјоделците поголема.

Изборот драги луѓе е лесен. Ако сакате иднина и ако сакате Македонците да останат дома! А во странство да одат само македонските производи“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e