МЗ: Регистрирани се нови 491 случаи на Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 1108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на ковид-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции.

Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Охрид – 74, Куманово – 32, Битола – 28, Струга – 27, Кавадарци – 26, Струмица – 21, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 17, Кочани – 16, Тетово и Велес – по 12, Неготино и Дебар – по 9, Гевгелија – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Ресен и Кратово – по 5, Берово и Кичево – по 4, Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 5 август до 13 август 2022 година.

Направени се 1108 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-29, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-23, Биотек-24, Систина-24, лабораторија Лаор-12, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460.

Досега во земјата се направени вкупно 2 140 325 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337 040, бројот на оздравени пациенти е 324 120, на починати е 9437, а бројот на активни случаи изнесува 3483.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e