Лукаревска: Јанушев и ВМРО ДПМНЕ ќе бидат поразени од женската сила на 15 јули

Носителката на изборната единица 2, Сања Лукаревска на вечерашната граѓанска трибина организирана од коалицијата “Можеме”, кажа дека граѓаните не забораваат на 11 годишното недомаќинско, неодговорно и расипничко владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Нереални, лицемерни политики се ветувањата на ВМРО ДПМНЕ кога велат дека ќе воведат ред, ќе ја департизираат администрацијата.

“Велат дека ќе ги решаваат застарените предмети. Па, кога ја преземавме власта, фиоките беа полни, пренатрупани со стари предмети кои никој не ги погледнуваше. Нема да дозволиме да се врати режимот, нема веќе уцени, нема закани за некое семејство дека ќе заврши во ендек и сите тефтерчиња со подобри и неподобни се искинати”

Лукаревска кажа дека СДСМ како родовосензитивна партија ги сружи сите бариери на пратеничките листи. Еднакви шанси и за мажи и за жени, кажа Лукаревска. “

“Ние ќе носиме носиме одлуки кои ќе значат многу за оваа држава”, потенцираше Лукаревска.

Лукаревска на граѓанската трибина зборуваше и за заложбите на СДСМ за стоп на насилството врз жените, за што рече дека е апсолутно неприфатливо.

“Нас ни фати пена устата кажувајќи Стоп за насилството за жените. И денес замислете слушаме генерален секретар како зборува за бокс во фаца на жена. Тој човек замислете оди низ државата и бара гласови. Игор Јанушев и ВМРО ДПМНЕ ќе бидат казнети токму од нас, жените, од женската сила ќе бидат поразени на 15 јули”, рече Лукаревска.

Лукаревска од граѓанската трибина во Гази Баба кажа дека целта на СДСМ е веќе реалност, а тоа е членството во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ. На граѓаните им порача да гласаат за бројот 3, кој е симбол на среќата , а среќата ги прати храбрите, кажа Лукаревска, а “нашата храброст ќе донесе победа”, заврши Лукаревска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e