Јанева за бомбите на „Ел Чека“: Не се од нашата архива

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска пред Советот на јавните обвинители го презентираше шестмесечниот извештај за работата на СЈО и изјави дека членовите на Советот се задоволни од нивната работа.

– Поразговаравме за извештајот, за предизвиците на СЈО и за новиот закон за јавно обвинителство. Се договоривме за некои технички работи во врска со новиот извештај. Во суштина тие беа задоволни. Немаше некои посебни недоразбирања. Задоволни се од нашата работа, од постигнатиот успех и од сите предистраги – рече Јанева и додаде дека доколку ја повикаат ќе го презентира извештајот и пред Собранието.

Јанева рече дека прислушуваните разговори кои ги објавува кичевчанецот Шеќерим Ахмети кој на Фејсбук е познат како „Ел Чека“, не се во нивната архива

Извор: ПлусИнфо

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e