Иванова: Мицкоски да не се обидува да се крие зад народот туку да одговори за неговата улога на 27-ми април

Прес конференција,
Михаела Иванова, СДММ
Скопје, 29.03.2018
Почитувани,

Христијан Мицкоски вчера призна дека бил во толпата пред Собранието и учествувал во настаните од 27-ми април.

Откако го потврди присуството Мицкоски треба да одговори која била неговата улога на денот кога беа нападнати пратеници, новинари и вработени, кога беше загрозен уставниот поредок на Република Македонија?

Со тоа што ги брани насилниците кои ги загрозија животите на пратениците, новинарите и вработените во Собранието, Мицкоски покажува дека ја има истата матрица на неговиот претходник Никола Груевски.
Очигледно Мицкоски не успева да ги надмине политиките на конфликт и поделби и не сака вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во одговорен и конструктивен политички субјект што активно ќе учествува во реформскиот процес.

Мицкоски нека не се крие зад народот туку да излезе и да одговори за неговата улога на 27-ми април.
Затоа што народот, граѓаните не поддржуваат насилство, поделби и конфликти. Граѓаните не се за насилство туку за концептот на едно општество за сите, што силно го поддржаа на последните неколку избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e