Груби – Задорожњук: Северна Македонија и Украина, потенцијал за економска соработка

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи помеѓу
заедниците Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, со која се согласија дека меѓу Република Северна Македонија и Украина постојат услови за продлабочување на економската соработка.

Од Кабинетот на Груби посочија дека на средбата вицепремиерот и амбасадорката разговарале и за мерките кои во двете земји се преземаат за полесно справување со здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Задорожњук се заблагодарила за поддршката што Република Северна Македонија и ја пружи на Украина со цел исполнување и брз исчекор кон евроатлантскиот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e