(ФОТО) Се огласи заканувачот на Геровски – Еве што напиша на ФБ профилот

Борче Гиноски на својот фејсбук профил објави дека се извинува на Героски и на јавноста дека сакал всушност да го заштити и предупреди да не го нападнат од ВМРО-ДПМНЕ.

21062019_mvr_suto_orizari_2

-Се крена голема прашина за мојата порака упатена до новинарот Геровски, кого го почитувам. Сакам најпрво да се извинам и да соопштам дека не беше во таа насока кажано, ниту имав намера да се заканувам, јас сум човек што за време на режимот на Никола Груевски многу луѓе сум се обидувал да ги заштитам од насилство. Геровски е меѓу тие што беа напаѓани од поддржувачите на режимот и мојата порака беше во насока дека може токму од ВМРО-ДПМНЕ да биде нападнат, така делуваат они. Како и да е, настана недоразбирање, се извинувам лично до Геровски и до јавноста, немам намера ниту некого да напаѓам ниту да навредувам, ја почитувам работата на новинарите. Повикан сум во партијата на разговор, ова ќе го соопштам и таму, но сакам јавноста да ја знае вистината. – напиша на својот ФБ профил Борче Гиноски кој всушност му ја пратил пораката на Геровски.
Новинарот Бранко Героски синоќа на својот фејсбук профил објави дека примил закани од лице кое за себе тврдело дека работело како обезбедување во СДСМ. Се работи за извесен Борче Гиноски, чиј фејсбук профил е јавен и може да се види дека истиот е поддржувач на СДСМ а има слики и со премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e