Димитров во Атина на средби со Дендиас и Варвициотис

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров поладнево во Атина ќе има одвоени средби со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас и со алтернативниот министер задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис.

Главна тема на средбите, како што информираат од кабинетот на Димитров, ќе биде поддршката и помошта на Грција за почетокот на пристапниот процес на Северна Македонија со ЕУ, како суштински дел во новото поглавје на односите меѓу двете соседни земји.

Средбите се во рамки на првата владина посета во странство предводена од премиерот Зоран Заев.

Заев денеска во Атина учествува на панел дискусија за Западен Балкан на конференцијата на „Економист“, а предвидено е да оствари средби со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со лидерот на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e