Денеска сончево, утре повторно дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

И во сабота ќе преовладува сончево и топло време со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува повремено засилен југозападен ветер, а од понеделник ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови опаѓање на температурата за неколку степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e