Богојески од Аеродром: Гласот за 10-ка е за искористување на нашата последна шанса за достоен живот

Носителот на Македонски концепт во Изборна единица 1 Петар Богојески денеска се сретна со граѓаните од Општина Аеродром, од каде порача дека гласот за 10-ка е глас за искористување на нашата последна шанса за достоен живот.

– Маката на граѓаните ја гледам во секоја нивна црта од изнемоштените лица. Нашиот народ веќе нема верба во државата. Доста ни е од импровизации со кои живееме веќе 30 години. Нашиот живот не е импровизација, да не дозволуваме други да ни го водат, затоа што граѓаните се тие кои ги трпат последиците, вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Македонски концепт, порача тој, е тука да ги слушне проблемите на граѓаните, и заедно со нивните сугестии да се реализираат политики кои ќе значат живот за секој граѓанин поединечно.

– Живот во фер општество и граѓанска држава, држава во која приоритетите на граѓаните ќе бидат пред личните приоритети на политичарите, држава без етнички партии, слободни граѓани, правда и сигурност за секој еден, ефикасно здравство, образование, држава на народот, нагласи Богојески.

Граѓаните, продолжи тој, сакаат промени, и тоа промени кои ќе донесат подобар, достоинствен живот за нив и нивните најблиски.

– Гласот за 10-ка е глас за промена, глас за одговарање за неисполнување на политички ветувања, за следење на имотот на политичарите, за пратеници кои ќе работат волонтерски, а не за плата, за проектот 1,5 милијарди евра за обештетување на граѓаните од процесот на транзиција. Да почнеме да ги менуваме нештата на подобро и да ја вратиме државата во рацете на граѓаните, порача Богојески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e