Бизнис делегација од Сингапур заинтересирана за инвестиции во откупно-дистрибутивни центри

Инвестиции за микро-финансирање на мали и средни земјоделски стопанства, организирање на сертификација и семепроизводство на автохтони култури – за ова денеска се дискутираше на средбата меѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и претставници на компании од областа на земјоделството од Сингапур. Со ова, после долго време во мирување, ќе се интензивира научно-истражувачката дејност во Македонија.

Претставниците на бизнис делегацијата од Сингапур се заинтересирани за инвестиции во откупни дистрибутивни центри во земјава и за соработка со македонските производители на органско производство и со винарските визби.

Воедно, на состанокот се разговараше и за активирање на извозот на домашното семе, зеленчукот, овошјето и преработките на азискиот пазар, како и за производство на биолошки ѓубрива за кои Република Македонија има погодна основа за производство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e