Битиќи: Ја повикувам Пазарната инспекција да објави кои компании ја злоупотребуваа кризата и продаваа поскапи производи

„Пазарната инспекција ги има сите податоци и ги поттикнувам да ги објават сите негативни појави што се случија од одредени субјекти. Знам дека ова е можеби лоша вест за некои субјекти, но потребни се транспарентност и отчетност и однесување спроед заеднички вредности“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека имало компании кои продавале тестенини со преку 70 отсто маржа, а кажа и дека преку состаноци со производителите на леб ќе го испитува и растот на цената на овој производ.

„Состојбата со цените на лебот и недоволното производство на житни култири, за жал, е последица на неодговорното однесување на сите нас и погрешните земјоделски политики“ рече Битиќи.

Тој додаде дека ќе се разговара за реформи во земјоделието и начинот на субвенционирање, но дека тој процес е оддолжен поради ковид кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e