360 степени: Македонецот обвинет за тероризам во Германија е син на д-р Жан Митрев

Започна судскиот процес во Франкфурт во кој обвинет за тероризам е германскиот државјанин Ф.М. инаку родум од Македонија. Вака изминатава недела почнаа да известуваат дел од германските медиуми за случајот во кој минатата година, во ноември, уапсени беа три лица на возраст од 24, 22 и 21 година од кои останатите двајца биле од Турција, пренесе 360 степени.

Веста за акцијата на германската полиција беше пренесена своевремено и од македонските медиуми, но не привлече големо внимание во јавноста. Сега, десет месеци подоцна, оваа вест добива нов агол откако германските медиуми објавија дека организаторот на нападот што требало да се случи во Франкфурт, Филан Митрев, потекнува од угледни родители, а неговиот татко е сопственик на приватна Клиника за кардиохирургија во Македонија.

Информација брзо се прошири по социјалните мрежи, каде се споделени и повеќе фотографии од кои може да се заклучи дека таткото на Филан е д-р Жан Митрев, еден од најпочитуваните лекари кај нас. Објаснувањето е дека Филан е дете на Жан од првиот брак, а нивната врска на социјалните мрежи се „докажуваше“ со објави на кои се гледа осомниченото момче фотографирано заедно со д-р Митрев, а под фотографијата стои опис – „фамилија“.
filan„360 степени“ се јавиле во службата за односи со јавност на д-р Жан Митрев, но коментар до овој момент не добивле, иако им било најавено дека дополнително ќе бидеме контактирани.

Според обвинителството во Франкфурт, Филан Митрев и двајца турски државјани подготвувале напад со домашно направени бомби, за кои веќе имале набавено експлозив. Според германските власти, нападот требало да биде изведен како поддршка на ИСИС. Планирано било да се нападне локален бар и да убијат што повеќе „неверници“.

Во обвинителниот акт се вели дека, Филан Митрев е обвинет за сериозен чин на насилство што ја загрозува државата, за кршење на Законот за воено оружје и за напад. Сега веќе 25-годишното момче е обвинето и за подготовка на самоубиствен напад кој планирал да го изврши врз паб во Заксенхаузен.

Судскиот процес кој започна на 2 септември годинава во регионалниот суд во Франкфурт е детално опишан од страна на германскиот локален медиум „Франкфуртер Рундшо“.

Според медиумот, нападот пропаднал бидејќи пред да биде извршен, Филан М. (како што го идентификува медиумот) соопштил за тоа и на социјалните мрежи. Во обвинението се додава дека тој се обидел да купи митралез и муниција преку нелегални интернет канали.

Тие пишуваат дека таткото на Филан М. подолго време се обидувал да му помогне на својот син да излезе на правиот животен пат, затоа и му помагал финансиски да учи во неколку приватни училишта, но Филан ги напуштал. На судењето било споменато дека тој месечно добивал по 1 000 евра од својот татко, бидејќи ги побарал за да изнајми трафика за работа, но на прашањето на што ги трошел парите Филан не дал одговор.

„Момчето само научи да консумира марихуана и успеа да заглави две ипол години во затвор“, се вели во текстот потсетувајќи дека тој веќе издржал затворска казна за друго дело.

Истиот медиум, минатата година во јануари објави текст за судски процес во којшто Филан бил обвинет за грабеж и насилство. Во текстот со наслов „Од среќно детство до предатори“ детално е опишано како тој една вечер движејќи се низ градот и заканувајќи се со нож од неколку лица барал по 10 евра.

„Со нож се заканил и на каса во супермаркет, исто така барајќи да му дадат 10 евра. А подоцна разбил и кутија која служела за собирање на финансиски средства за хуманитарна помош. Од неа одзел 8 евра. Зачудува фактот дека на луѓето на кои со закани им изнудувал пари, имале многу повеќе од 10 евра, но тој инсистирал на таа сума“, се вели во текстот.

Медиумот потенцира дека тој потекнува од угледни родители и дека освен што неговиот татко е познат кардиохирург од Македонија, неговата мајка е медицинска сестра, а неговата сестра е одлична ученичка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e