СДСМ Штип: Катни гаражи, нов сообраќаен режим и реконструкција на улиците за намалување на сообраќајниот хаос

“Веќе неколку години наназад градот Штип, особено централното градско подрачје се гуши во сообраќајниот метеж.

Постојниот режим на сообраќај на улиците„Маршал Тито”, „Васил Главинов” и „Генерал Михајло Апостолски”, платениот паркинг и изградбата на двете платформи досега не дадоа никакви резултати за растоварување на сообраќајот.
Во програмата на кандидатот за градоначалник на Општина Штип, Благој Бочварски, предвидено е да се воспостави нов режим на сообраќај во централното градско подрачје дополнето со изградба на две катни гаражи, една во центарот на градот и една во населба Сењак.

Untitled

Во најфрекфентната населба во општината, населба Сењак, ќе се реконструира крстосницата кај спојката на улиците Ср.фронт и Борис Крјгер, каде се планира и поплочување на тротоарите, а предвидено е и нова надземна катна гаража со зелено пазарче.

Исто така за решавање на овој проблем ќе изградиме и нова обиколница на потег населба Железничка, преку населба Пребег, месноста Крстот до Бања Кежовица. На овој начин се создава дирекна сообраќајна врска помеѓу населбите Сењак, Пребег и Ново село.

Предвидено е и сите улици во урбаните и месни заедници да добијат патокази.

Реализацијата на овој проект ќе овозможи растеретување и поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, заштеда на гориво, намалување на емисии на штетни гасови од возила како и подобрување на квалитетот на животната средина”, се вели во соопштението на СДСМ Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e