Негувателки во градинки во Хром и во Берово пријавени за насилство врз деца

Негувателки во градинки во скопската населба Хром, како и во Берово биле пријавени за насилство врз дете, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, мајката пријавила дека детето било удрено од негувателката, а во друиот негувателката згазнала на прстот од раката на детето.
„Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка. Мајката пријавила дека нејзината ќерка ѝ се пожалила дека негувателката ја стиснала за ногата“ соопшти МВР.

Во беровска градинка биле пријавени два одделни случаи, а полицијата поднесе кривични пријави против двајца вработени за насилство врз дете и за загрозување на сигурноста.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ и против А.Д.(33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.07.2026, првопријавената, вработена во Општинската јавна установа за деца – градинка во Берово, згазнала на прст од рака на малолетно дете во градинката. Додека, второпријавениот, во истата установа упатувал закани на првопријавената“ наведуваат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e