Вечер со евергрини и екс-ју хитови: Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева вечерва на плоштадот во Крива Паланка

Вечерва, 19 август, Градскиот плоштад во Крива Паланка ќе биде место за уште една музичка вечер исполнета со евергрини, македонски и екс-ју хитови, како и светски музички класици.

На летната сцена под отворено небо, пред публиката ќе настапат Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева, кои со својот препознатлив музички израз ќе понудат вечер посветена на добрата музика и незаборавните мелодии.

Концертот започнува во 20 часот, а организаторите најавуваат пријатна летна атмосфера, добра музика и дружење во срцето на Крива Паланка.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во познати песни што ги одбележаа различните музички генерации, во амбиентот на градскиот плоштад и летната сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e