На 27, 28 и 29 август голема духовна прослава – Успение на Пресвета во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“

Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, на 27, 28 и 29 август ќе се одржи прославата на манастирската слава.
Централниот празник е Успение на Пресвета Богородица – 28 август, додека на 29 август се одбележува споменот на преподобниот Јоаким Осоговски, пустиножител и чудотворец од XI век.
Традиционалното одбележување ќе ги собере верниците во древното осоговско светилиште, каде што се почитуваат моштите на свети Јоаким Осоговски, а во манастирскиот храм почиваат и моштите на свети Јоаким Крчовски, свештенослужител, просветител и игумен од XIX век.
Манастирот, чија историја е поврзана со подвигот на свети Јоаким и почитувањето на неговите свети мошти, и денес е значајно место за молитва и духовно поклонение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e