Четири повредени момчиња по синоќешната сообраќајка кај Ласкарци

На 16.08.2026 околу 21:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, во атар на с.Ласкарци, скопско, патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.К.(23) од с.Палатица, тетовско, удрило во ограда и излетлао од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.К. и сопатниците М.С.(19) и 15-годишник, додека со телесни повреди се здобил соаптникот Е.К.(20), сите од с.Палатица, констатирани во Ургенетен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Известен е јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e