Брачен пар застрелан во спална соба во Косово – бремена жена почина, сопругот во критична состојба

Тешко кривично дело се случило во селото Кервасари, во општина Малишево, Косово, каде синоќа со огнено оружје бил застрелан брачен пар.
Полицијата околу 23:20 часот добила пријава и во спалната соба ги пронашла 25-годишната жена и нејзиниот 26-годишен сопруг со прострелни рани. Двајцата биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар на Косово.
Жената, за која според досегашните информации била бремена, починала околу 1:10 часот. Нејзиниот сопруг е во исклучително тешка здравствена состојба и лекарите се борат за неговиот живот.
Полицијата при увидот пронашла и одзела огнено оружје за кое се сомнева дека било употребено во нападот. Јавен обвинител го квалификувал случајот како „тешко убиство“, а истрагата продолжува за да се утврдат мотивот и сите околности на пукањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e