Прегазил 10 годишно дете во Градско и побегнал со автомобилот

МВР информира дека вчера попладне во СВР Велес било пријавено дека околу 13:00 часот на улица „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило во 10-годишен малолетник од село Уланци, општина Градско, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Велес.

– Advertisements –

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e