Избегната уште една трагедија во Скопје: Бандера се урна врз автомобил во движење

Силното невреме кое го зафати вчера Скопје, беше кратко, но интензивно и направи големи штети. Според податоците на Прв.мк, скопјанец за влакно избегнал трагедија во населбата Бутел 2, кога бандера се урнала откако тој поминал со својот автомобил.

Според првичните информации, бандерата паднала со голема сила и успеала да го пробие стаклото на возилото, а завршила во неговиот заден дел. За среќа, возачот поминал без потешки последици, избегнувајќи трагедија во последен момент.

Инаку, сличен настан се случи и во скопска Кисела Вода, каде маж за влакно избегна трагедија, кога фасада од зграда се сруши пред него. На улицата „Петар Делјан 2“, дел од фасада се одлепил од станбена зграда и за влакно избегнат е потежок инцидент, откако парчето паднало непосредно пред станар кој влегувал во влезот, брзајќи да се засолни од невремето, дозна Прес24.

„Брзав кон дома кога почна силното невреме. Кога стигнав пред влезот, слушнав силен звук. Веднаш погледнав нагоре и видов како почна да паѓа дел од фасадата. За среќа, брзо изреагирав и скокнав на тревникот покрај влезот, па фасадата ме промаши. Имав огромна среќа, бидејќи парчето беше огромно и доколку не погледнев нагоре и бев само малку понапред, последиците можеа да бидат многу посериозни“, изјави скопјанецот ексклузивно за Прес24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e