Кој е вашиот омилен број и што открива за вас

Колку и да бегаме од нумеролошките толкувања и да не веруваме во нив, тие зборуваат за нас многу повеќе отколку што самите сме свесни. Особено броевите што ги гледаме пред нас, а кои самите ги издвојуваме и кои носат посебна симболика за нас, односно нашите омилени броеви…

Омилените броеви во нумерологијата можат да ни помогнат да ги откриеме нашите способности и подобро да ги разбереме духовните потенцијали. Врз основа на нашите омилени броеви, можеме да откриеме како тие влијаат на нашите животи. Секој број има своја енергија. Секој број станува наш омилен број само ако се совпаѓа со нашата ментална и духовна енергија.

Ако вашиот омилен број е двоцифрен или трицифрен, намалете го со едноставно додавање на цифрите на едноцифрен и дознајте го неговото значење.

Значењето на омилените броеви

Омилените броеви во голема мера ја одразуваат нашата духовна суштина, нашето вистинско јас. Најпопуларните броеви се 6, 7, 9, 13, 21 и 25. Во споредба со нив, непопуларните броеви обично се 20, 24, 26, 28, што им се допаѓаат на релативно мал број луѓе.

Еден од најчестите омилени броеви е седум бидејќи се смета за среќен број. Омилениот број 6 ја открива во нас желбата да бидеме богати и угледни членови на општеството. Бројот 2 како омилен број се однесува на логиката и рационалноста. Бројот 3 е поврзан со енергијата на интуитивното размислување и љубовта.

Бројот 5 се однесува на енергијата на креативноста и конкуренцијата. Бројот 8 ја претставува енергијата на мудроста и дипломатијата. Бројот 9 е поврзан со духовната енергија. Бројот 10 се однесува на енергијата на комплетноста и совршенството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e