Медиумите во регионот јавуваат дека Младиќ е на смртна постела. Животот на воениот генерал во Хашкиот затвор е при крај и големи се шансите да добие уште еден мозочен удар. Прашање на време е кога ќе се случи најлошото.
– Нему му е укочена десната страна на телото, едвај оди и зборува. Има висок крвен притисок и шекер, ослабна многу и изледа лошо. Неговата одбрана бара медицинската екипа да биде од Русија-вели извор близок до генералот.