Во поплавите во Јапонија загинаа најмалку 62 луѓе

Јапонската метеоролошка служба денеска преупреди дека обилен дожд ќе врне до недела. Во обилните сезонски дождови, што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето на остров Кјушу загинаа вкупно 62 луѓе.

Спасувачки екипи се повикани во градот Јуфу во префектурата Оити, каде надојдената вода однесе возило, со кое се превезувале четири лица.

Брзата помош и армијата се обидуваат да стигнат до жителите во поплавените руралните области на префектурата Кумамото.

Според јапонското Министерство за земјоделство од саботата регистрирани се 179 лизгање на земјиште, од кои 48 во префектурата Куамамото и 36 во префектурата Кагошима.

Во центарот на префектурата Гифу околу 2.300 луѓе се уште се изолирани, додека патиштата се уништени од свлечишта предизвикани од вчерашните поплави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e