Во Њујорк, денеска трет круг од гласањето за нов генерален секретар на ООН

На седница на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк, денеска ќе се одржи третиот круг од гласањето за нов генерален секретар на светската организација. – пишува Мета.

По гласањето би требало да биде познато кој е фаворит за функцијата, кој, конечно, ќе ја напушти трката, но и како ќе се пласира македонскиот кандидат Срѓан Керим.

Се очекува четворица да влезат во завршниот процес. Тие во септември ќе бидат предмет на одлучување во Советот за безбедност и тоа на петте постојани членки: Кина, Франција, Русија, Велика Британија и САД.

Во трката, покрај Керим, се и Антонио Гутереш од Португалија, Вук Јеремиќ од Србија, Сузан Малкора од Аргентина, Хелен Кларк од Нов Зеланд и Данило Тирк од Словенија. Во Советот за безбедност ќе може да се гласа и за Ирина Бокова од Бугарија, Кристина Фигуереш од Коста Рика, Наталија Герман од Молдавија и Мирослав Лајчак од Словачка.

Изборот за прв човек на „светската влада“ воопшто нема да биде лесен, имајќи предвид дека се преплетуваат политичките интереси на големите сили.

Кога ќе се заврши со гласање, почнува нова фаза во која методологијата на одлучување се менува и почнуваат директните преговори, пазарења и договори меѓу светските сили, поради што кандидатите и нивната кампања паѓаат во втор план.

Мета

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e