Во Италија знамињата на половина копје

Во земјотресот загинаа 284 луѓе,неколку стотина се повредени,а најмалку 2500 останаа без кров над главата.

Ден на жалост е прогласен денешниот ден  во Италија,27 август,по катастрофалниот земјотрес што ја зафати централна Италија,кој според досегашните податоци однесе 284 жртви.

Знамињата се спуштени на пола копје. во целата земја заради погребот на жртвите од Аркате де Тронто,еден од трите града најзафатени во катастрофата.

Во најблискиот град Асколи се оддржа погреб комеморативна церемонија за дел од жртвите од срамнетите подрачја.

на погребот присуствува италијанскиот премиер,Матео Ренци и претседателот на државата,Серџо Матарела.

Некои од фамилиите веќе започнаа да ги погребуваат своите.Во Помезија,јужно од Рим,месниот бискуп во Петок го предводеше погребот на шест луѓе од кои и едно осумгодишно дете и два адолесцента.

Потрагата помеѓу рушевините продолжува,но мали се шансите да се најде уште некој преживеан.

Досега 388 лица побарале лекарска помош,а најмалку 2500 останаа без дом.

Земјата уште се тресе,Според информациите на нациналниот центар,57 мали земјотреси се забележани во текот на предходната ноќ,со интензитет помеѓу 3 и 3,8 степени според Рихтер.

Среда па наваму се забележани вкупно 900 потреси.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e