(ВИДЕО) Моментот кога водителката во живо чита вести, а удира земјотресот во Албанија

Најмалку 108 лица се повредени во силниот земјотрес кој вчера ја погоди Албанија, а моментот кога потресот започнал го забележале и камерите на албанската телевизија Ora News Lajme, која во тој момент во живо емитувала вести.

Иако потресот бил силен, водителката продолжила да чита вести додека пак програмата во живо не била прекината, но не нејзиниот поглед полн со страв зборува за тоа колку земјата силно се тресела.

Земјотресот предизвикал и материјална штета во некои градови од земјата, а најлошо поминале Тирана и Драч.

Во потресот исто така оштетени се повеќе од 290 куќи информира Курир.рс, а на 20 станбени згради се појавиле пукнатини.

На седницата на владата одлучено било полицијата да биде во состојба на приправност за да ја контролира ситуацијата после земјотресот.

После првиот земјотрес од 5,8 степени според Рихтерова скала, кој беше почувствуван во Македонија, уште еден силен земјотрес ја погодил Албанија на полноќ со јачина од 5 степени со епицентар во близина на Драч, а потоа се почувствувале серија слаби земјотреси.

Според забележаните податоци, ова е најсилен земјотрес забележан во последните 20-30 години. Потресите се почувствувале и во Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e