Уапсен сопственик на „Балкан Грил“ во Виена: На слеп гостин му наплатиле речиси 5.000 евра

Сопственикот на ресторанот „Балкан Грил“ во Виена, Мирсад А., е уапсен по повеќемесечна истрага на австриските власти. Според објавените информации, тој е осомничен за повеќе кривични дела, меѓу кои измама, кражба и подметнување пожари.
Особено внимание привлече случајот со 71-годишен слеп гостин, кој во мај седумпати го посетил ресторанот. Според истрагата и неговите наводи, од неговата банкарска картичка биле наплатени вкупно 4.933,33 евра, при што една трансакција достигнала околу 2.000 евра.
Гостинoт наводно ги открил трансакциите дури неколку недели подоцна, кога со својот асистент ги проверил банкарските изводи. Според медиумските извештаи, парите ги штедел со години за сопствениот погреб.
Семејството потоа побарало објаснување од ресторанот, од каде наводно првично било кажано дека станува збор за техничка грешка или погрешно внесени суми на ПОС-терминалот.
Во рамки на пошироката истрага, поранешна станодавка на осомничениот изнела и други сериозни обвинувања, меѓу кои неплатени кирии, кражби и подметнување пожар. Овие наводи се дел од истрагата, а австриските власти продолжуваат со проверките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e