Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска – Нема вакцина

Австралиските власти ги предупредуваат патниците кои планираат да ја посетат Македонија поради појавата на Западнонилската треска. На официјалната платформа за патувања Smartraveller, препораката е ажурирана на 2 септември, а патниците се советуваат да преземат мерки за заштита од комарци.
И покрај предупредувањето, за Македонија и натаму важи најниското ниво на ризик, односно препорака за преземање вообичаени безбедносни мерки. Австралиските власти наведуваат дека нема вакцина против вирусот и препорачуваат употреба на средства против инсекти, носење долга и светла облека и престој во заштитени простории.
Според последните податоци на македонските здравствени власти, досега се регистрирани 55 случаи на Западнонилска треска, од кои 53 се лабораториски потврдени, а два се уште се непотврдени. Во моментов 19 лица се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.
Во последната недела биле регистрирани пет нови случаи, од кои три потврдени. Од почетокот на годинава, шест лица починале од последици поврзани со инфекцијата.
Западнонилскиот вирус најчесто се пренесува преку каснување од заразен комарец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e