Тропската бура Лестер во Тихиот Океан прерасна во ураган

Тропската бура Лестер прерасна во ураган и се движи кон запад преку Тихиот Океан, оддалечувајќи се од копното на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани на САД.

БТА објави дека ураганот, чија максимална брзина на ветровите е 120 km / h, се наоѓа на околу 885 километри југозападно од најјужната точка на мексиканската држава Долна Калифорнија.

Нема издадени предупредувања за непосредна опасност за крајбрежните области. Бурата се движи со брзина од 15 километри на час.

Во меѓувреме, во северниот дел на Пацификот на исток-југоисток од Хавајските острови се формирала тропска бура Медлин. Максималната брзина на ветровите и е 65 километри на час, а Медлин се движи во западна насока со 19 километри на час, соопшти  Центарот со седиште во Мајами.

Извор А1он(линк)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e