Американскиот милијардер најави синоќа преку Твитер дека ја прифатил поканата од шефот на мексиканската држава Енрике Пења Нието. Според соопштението од мексиканското претседателство, покана во петокот му е испратена на Доналд Трамп како и на неговата демократска ривалка на претстојните американски претседателски избори во ноември, Хилари Клинтон. Претседателството најави дека состанокот ќе биде приватен. – пишува Дојче веле
Ова ќе биде прв состанок на претседателскиот кандидат Трамп со некој шеф на држава. Кога патуваше во Велика Британија во јуни, тој ги посети своите хотели и терените за голф и сѐ уште не беше официјален кандидат на републиканците.
Мексиканскиот претседател напиша на Твитер оти „верува оти дијалогот ги промовира интересите на Мексико во светот, пред сѐ ги заштитува Мексиканците, каде и да се наоѓаат“.
Ова патување е дотолку повеќе изненадување кога се знае дека Трамп ја започна својата трка за кандидатура во јуни 2015. година, обвинувајќи го Мексико оти преку границите на САД праќа криминалци, крадци и трговци со дрога. Тој ја градеше својата кампања на цврсто ветување дека ќе биде многу остар кон нелегалната имиграција и се обврза оти веднаш ќе изгради ѕид на американската јужна граница со Мексико и ќе протера 11 милиони луѓе без документи, поголемиот број Мексиканци, кои живеат во САД.
Целиот текст прочитајте го тука.