САД се враќаат на Балканот и „пратени се од Господ“ за да го спасат светот?

Стив Мејер, поранешен шеф на ЦИА за Балканот, наведува дека САД всушност не се ни заинтересирани за Балканот и луѓето кои живеат на овие простори.

Администрацијата на Трамп повторно се вмешала на Балканот од две причини: едната е Русија и водењето на „шпионска војна“ во овој дел од Европа, а втората причина е размилувањето на Вашингтон дека Балканот 25 години не дејствува по нивни правила и дека вистинскиот пат е да американскиот.

Мејер напоменува дека администрацијата на Трамп почнала повторно да се активира на Балканот во август минатата година, кога Метју Палмер, заменик-помошникот на државниот секретар, станал и специјален известувач за Западен Балкан.

Исто така, ангажиран е и сегашниот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел како специјален известувач дијалогот меѓу Косово и Србија. За разлика од Гребел, Палмер веќе има искуство со Балканот.

„Но, без разлика дали имаат искуство со Балканот или не, тие двајца се поврзани со скриената политика на Стеј Департментот, која се нема променето веќе 25 години“, истакнува Мејер, објаснувајќи дека оваа политика може да опише со размислувањето на американските политичари дека „Господ лично ги ангажирал САД“ да го спасат светот, ширејќи демократија, особено меѓу луѓето кои не се способни да водат грижа за себе.

„Во текот на изминатите неколку години, имаше многу повици САД да се вклучат во балканските работи. Овие повици беа поттикнати од погрешна претпоставка дека Вашингтон има одговори на комплицираните прашања за овој регион. Но, тие немаат одговори и не се заинтересирани за овој дел и за луѓето што живеат, туку едноставно САД сакаат да влијаат на Балканот само поради Русите“, посочува поранешниот шеф на ЦИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e