Португалецот Гутереш фаворит за наследник на Бан, Керим без никакви шанси

Македонскиот кандидат за Генерален секретар на ООН, Срѓан Керим, по третото гласање се најде на шестата позиција, откако добил 6 „позитивни“, 7 „негативни“ мислења и две воздржани.

Пред него се аргентинската министерка за надворешни работи Сузана Малкора, Словакот Мирослав Лајчак, кој добил 9 позитивни, 5 негативни и едно воздржано мислење, Бугарката Ирина Бокова и Србинот Вук Јеремиќ, кои го делат третото место.

По синоќешното гласање најмногу гласови добил поранешниот португалски премиер, Антонио Гутереш.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e