Најмалку 60 загинати, ИД одговорни за нападот во Јемен

Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад во кој загинаа најмалку 60 лица, соопшти агенцијата Амак, преку која ИД испраќа соопштенија.

Во самоубиствен напад врз воен камп за обука во Аден загинаа најмалку 60 лица, а десетици се повредени, соопшти организацијата Лекари без граници, пренесува Танјуг.

Напаѓачот со возило влетал во група регрути. Нападот е изведен во северниот дел на Аден, каде има припадници на Народниот отпор, локални сили кои и помагаат на армијата да ги протераат Хутите од главниот град на Јемен, Сана.

Хутите имаат поддршка од Иран.

Во Јемен има судири откако Саудиска Арабија почна воена интервенција против шиитските бунтовници Хутите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e