Најмалку 40 мртви и 16 исчезнати во Јапонија по катастрофалниот тајфун

Операциите за пребарување и спасување во Јапонија беа запрени во понеделникот од масовни поплави и лизгање на земјиштето по еден од најсилните тајфуни во последните децении, пренесува агенцијата.

Тајфун Хагибис ги погоди централните делови на најголемиот јапонски остров Хоншу, вклучувајќи го и главниот град на Токио, за време на викендот.

„Штетата е направена во широк простор, а повеќе од 30 000 луѓе мора да бидат подготвени за евакуација. Наша задача е  да им пружиме внимателна поддршка на погодените“, рече премиерот Шинзо Абе на вонредна министерска седница.

Спасувачките операции беа спречени бидејќи 21 река проби низ насипи, над 140 го поплавија копното, а бројни патишта беа затворени поради лизгање на земјиштето.

Повеќе од 110.000 полицајци, пожарникари, војници и персоналот на крајбрежната стража се вклучени во операциите за пребарување и спасување во понеделникот, како и 100 хеликоптери, изјави секретарот на кабинетот, Јосидид Суга.

„Се очекува поголем дожд во погодените области. Нивоата на речните води се високи, а почвата е нестабилна во некои области“, предупреди Суга.

Повеќе од 92.000 домови останаа без електрична енергија во понеделникот наутро, соопшти Министерството за трговија и индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e