СДСМ: За тендери, проценти и провизии – експерти. За македонското знаме – аматери

Срамно и понижувачки е на официјална државна прослава за 35 години независност, финансирана со милиони народни пари, да биде погрешно прикажано македонското државно знаме.

Власта на Мицкоски троши огромни суми пари од граѓаните, а не успеа ниту најважниот државен симбол да го претстави како што треба.

Тендер патриотите повторно го покажаа своето лице.

За тендери, проценти и провизии – експерти. За македонското знаме – аматери.

Ова не е обичен пропуст. Станува збор за македонскиот државен симбол и за официјална државна прослава.

Владата мора да излезе пред граѓаните и јавно да одговори:

– Која компанија била ангажирана за организацијата?
– Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет?
– Колку чинела целата прослава?
– Кој го одобрил дизајнот?
– Кој ќе понесе одговорност за ваквиот пропуст?

Граѓаните имаат право да знаат каде и како се трошат нивните пари.

За македонските национални симболи нема место за неспособност и аматеризам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e