Во синоќешната изјава за Си-Ен-Ен, претседателот на десничарската партија во Франција, Марин Ле Пен, истакна дека го поддржува републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
Најдобро за францускиот народ, според Ле Пен е Клинтон да не ја добие трката за Белата куќа бидејки ке има дестабилизација во светот, повторно војни и пустошење.
Таа се спореди со Трамп во тоа што не биле зависни од никого и не примале наредби од ниту една финансиска институција.
Лидерката на крајно десничарската партија е кандидат за претседателските избори во Франција кои ќе се оддржат во април наредната година.