Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија, за кој САД го обвинуваат Иран. Францускиот претседател Емануел Макрон остро го осуди нападот и порача дека неговата земја е посветена на мирот во регионот на Блискиот исток.

„Одговарајќи на барањето на Саудиска Арабија, претседателот Макрон му потврди на принцот Михамед бин Салман дека Франција ќе испрати свои експерти во Саудиска Арабија, кои ќе учествуваат во истрагата со цел да се открие кој и на кој начин го изврпил нападот“ соопшти Елисејската палата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e