Италијанската крајбрежна стража извлекла 13.000 бегалци од преполни чамци со мигранти кои едвај биле во пловна состојба. Бродовите пловеле од Либија кон Италија четири дена.
Трговците со луѓе го искористуваат мирното летно време, ѓи натоваруваат чамците кога морето е мирно, па така јужниот ветер може да ѓи однесе во меѓународните води.
Како и да е, гумените чамци кои ѓи користат често стануваат нестабилни во подлабоките води и опасноста да се превртат е огромна.
Италијанската крајбрежна стража проценува дека 6,500 луѓе кои се спасени се од Сомалија и Еритреа.
Од 2014 до сега повеќе од 400,000 мигранти успеале да преминат од Северна Африка кон Италија, бегајки од сиромаштијата и насилството.