Дац со емотивна приказна за пријателот Ристе: Сега, осветли им го патот таму горе…

Познатиот актер и музичар Драган Спасов Дац, сподели трогателна порака за неговиот починат пријател, Ристе Велков.

Драган Спасов Дац, познат македонски актер и музичар, со своите следбеници на социјалните мрежи сподеи тажна објава.

Познатиот уметник со своите емотивни зборови предизвика бројни реакции и сочувства на јавноста, збогувајќи се од оперскиот пејач Ристе Велков, и неговиот син, Адам Велков.

Тие во четвртокот вечерта загинаа во страшната сообраќајна несреќа, заедно со уште две 20. годишни момчиња.

На својот профил на Фејсбук, Дац напиша:

„Ристе, пред многу години, на твоите почетоци, ме замоли да ти помогнам околу еден мизансцен што требаше да го поставиш на сцената.

Тогаш ти предложив еден фенер-симбол што многу ќе ти помогне во намерата на улогата. На премиерата блескаше, а јас ти подарив ист таков фенер, во минијатурна верзија…

Сега, осветли им го патот таму горе на син ти и на сите тие млади души.

Премногу тажно“, напиша Дац на Фејсбук.

Тој сподели и една фотографија од Велков, а во пораката се присети на еден настан од пред многу години.

Дац изрази длабоко жалење заради загубата, а објавата предизвика емотивни реакции кај многумина кои во коментарите изразија сочувство до семејствата и блиските на загинатите.

.

Несреќата се случи на 21.05. околу 23. часот, откако камион излета од патот, ја скрши банкината и премина на спротивната лента. Камионот директно удрил во автомобилот управуван од Велков, во кој се наоѓаше неговиот син како и двајцата другари кои исто така загинаа во несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e