Четири жртви во тешка сообраќајка во Србија

Четири лица загинаа, а две се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на магистралниот пат меѓу Нови Пазар и Рашка.
Според првичните информации, во несреќата учествувале две патнички возила – „Опел Астра“ и „Голф 7“. Три лица починале на местото на настанот, додека едно лице им подлегнало на повредите во болница.
Две лица се хоспитализирани во тешка состојба во Општата болница во Нови Пазар. Полицијата извршила увид, а сообраќајот на делницата бил во прекин неколку часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e